Неверојатен трилер – Франција од „-5“ против Данска до триумф и полуфинале на ЕП

Ракометната репрезентација на Франција на неверојатен начин во еден трилер натпревар успеа да слави над Данска со … и со тоа да обезбеди пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка.

Иако селекторот на Данците, Јакобсен ги одмораше на овој меч своите најдобри ракометари (Хансен и Гидсел), Данците одиграа неверојатно до последните петнаесет минути од мечот. Имаа предност од 27-22 и веќе сите ја отпишаа Франција, а Исланд беше испратен во полуфиналето. Сепак, со фуриозна завршница Французите стигнаа до голем триумф од 30-29 и со тоа го освои и првото место во групата А на сметка на Данска.

Дика Мем со осум гола беше најголем виновник за победата на „галските петли“, додека кај Данска Киркелоке заврши со 10 погодоци.

Франција во полуфиналето ќе игра против репрезентацијата на Шведска, додека во вториот дуел ќе се сретнат Данска и Шпанија. Во мечот за петто место Исланд ќе игра против Норвешка.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...