Фудбалерите на Милан се извлекоа од бездната во регуларниот дел и продолженијата од плеј-оф натпреварот од Лигата на Европа на гостувањето против Рио Аве, па на крајот преку пеналите дојде до групната фаза од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Милан беше во безизлесна ситуација, но Чалханоглу во 122. минута од продолженијата успеа да постигне погодок за 2-2, обезбедувајќи за Италијанците удари од белата точка.
А, во пенал-рулетот дури по 12 серии од белата точка „миланзите“ успеаја да слават со 9-8. Кјаер го погоди последниот пенал за Милан, а Адерлан не успеа да реализира за Рио Аве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА