Неверојатна љубов – Патувала 3000 километри за да му даде подарок на Ѓоковиќ

Џули Соер е една од најверните фанови на Новак Ѓоковиќ, а својата приврзаност кон првиот тениски рекет во светот ја докажа патувајќи над 3.000 километри само за да му даде специјален подарок на српскиот ас.

На Соер ништо не и е тешко, особено кога „влогот“ е средба лично со Новак Ѓоковиќ. Србинот, кој во моментов се подготвува за новата сезона во Белград, исто така беше импресиониран од овој потег.

„Бидејќи Новак минуваше низ тешки периоди во јуни, започнавме проект каде сакавме да покажеме колку го сакаме. На Инстаграм, ги замолив луѓето да напишат три работи: од кого и од каде се, како дознаа за Новак и зошто го сакаат. Имаше многу одговори од фанови на тенисот, што значеше дека морав да бидам инспиративна и креативна и да направам нешто од тоа. Ги испечатив сите коментари и ги ставив во голема тетратка. Со наслов: ‘Вие сте сакан’. Мислам дека овој беше вистинскиот наслов. Му ја донесов тетратката во Белград за да се сети дека го сакаме и дека го почитуваме “, рече Соер за медиумите.

Тој е одличен пример за генерациите кои следуваат, објасни Џули, која е професорка по професија. Таа потенцираше дека ги учи своите деца да чекорат по патот на Ноле, а особено е фасцинирана за тоа како Ѓоковиќ се грижи за другите, неговите пријатели, и дека тој постојано е дел од големи хуманитарни настани.

 

Се вчитува...