Неверојатна низа: Баерн Минхен го израмни рекордот на Милан од 1992 година

Баерн Минхен ја победи Борусија Менхенгладбах со 0-3 на гостински терен во осмото коло од Бундеслигата, израмнувајќи го рекордниот почеток на Милан во сезоната во Топ пет лигите со 13 последователни победи во сите натпреварувања.

Головите за Баерн ги постигнаа Џошуа Кимих во 64-тата минута, Рафаел Гереиро во 69-тата и тинејџерот Ленарт Карл во 81-вата минута, во дуел за врвот на табелата кој започна 15 минути доцна поради доцното пристигнување на Баерн.

Баерн беше фаворит од самиот почеток, а од 19-тата минута им беше олесната работата кога Јенс Кастроп доби директен црвен картон поради прекршок. Покрај тоа, Кевин Штегер промаши пенал за домашниот тим при водство на Баерн од 0:2. Баварците водат во германското првенство со максимални 24 бода и гол-разлика од 30:4.

Баерн го израмни рекордот на Милан од сезоната 1992/93, отворајќи ја сезоната со 13 последователни победи во првите пет лиги. Екипата на тренерот Винсент Компани може да стане рекордер во среда ако го победи Келн во Купот на Германија. Милан во истата сезона стана првак на Италија и стигна до финалето во Лигата на шампионите, кое го загуби од Олимпик Марсеј.

Се вчитува...