Неверојатна серија: Милнер 16 години не загубил штом постигнал гол

Џејмс Милнер со гол од пенал ја најави победата на Ливерпул на гостувањето против Кристал палас, со што 32-годишниот фудбалер за врска ја продолжи и својата неверојатна серија што трае 16 години – кога и да постигне погодок неговиот тим да не претрпи пораз во Премиер-лигата.

Не станува збор за мала бројка, ако се знае дека Милнер постигнал вкупно 49 погодоци на 48 различни натпревари, секогаш носејќи му среќа на клубот за кој настапувал.

Серијата ја почна во 2002 година, кога како 16-годишник стрелаше прецизно за Лидс јунајтед против Сандерленд за триумф од 2-1. Потоа тој постигнуваше нови голови за Лидс, како и за Њукасл, Астон вила, Манчестер сити и сега за Ливерпул, а скорот му е фантастични 38 победи и десет нерешени натпревари.

Воедно, со вчерашниот гол Милнер испиша историја станувајќи прв играч што осум години по ред постигнувал најмалку по еден гол во Премиер-лигата.

Се вчитува...