Неверојатна животна порака на Рисе – Ме малтретираше како дете, а кога освоив ЛШ само му се насмевнав

Поранешниот норвешки фудбалер Јон Арне Рисе најубавите моменти во кариерата ги помина во дресот на Ливерпул. Рисе на „Енфилд“ стигна во летото 2001 година, од редовите на Монако, а со „црвените“ најголемиот успех го имаше во 2005 година кога во незаборавното финале во Истанбул ја освои Лигата на шампионите. Тој се сети на неверојатна приказна која се случила само неколку дена по финалето против Милан. Имено, кога влегол во Мек Доналдс во Молде сфатил дека таму работи дечко кој го малтретирал во детството.

„Едно момче кое ме малтретираше во детството работеше во Мек Доналдс во кој случајно влегов. Беше тоа веднаш по финалето во Лигата на шампионите против Милан. Бев среќен и само се смеев. Не сакав да го понижам јавно. Тој знаеше што мислам во тој момент, беше како да му кажувам се во лице. Бев среќен кога излегов бидејќи беше неверојатен неговиот израз на лицето“, изјави Рисе. 

Се вчитува...