Неверојатни сцени на „Филип Втори“: Кога се сака Вардар… и трибините се идеални за свадба! (ФОТО)

Првенствениот натпревар меѓу Вардар и Силекс од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига го одбележаа и прекрасни моменти во второто полувреме… Неверојатни сцени, ретко видени на нашите стадиони!

Факт е дека во домашното првенство Вардар малку привлекува навивачи на трибини… Но, секако за оние неговите најверни навивачи ниту сопствената свадба не може да биде пречка да не се „ѕирне“ дел од натпреварот. Напротив, дури и дел од фото-сесијата е убаво да се реализира на стадион!

Komita - svadba 4

Komita - svadba

Верен навивач на „црвено-црните“ не ја пропушти можноста со својата одбраничка на животот, денешната свадбена церемонија да ја искористи и за фото-сесија на натпреварот на својот Вардар. Се разбира, сето тоа со овации поздравено од оние малку присутни на „Филип Втори“, и забележано од објективот на ЕКИПА.

Komita - svadba 3

Се вчитува...