Неверојатни сцени од Бразил: Навивач со нож тргнал да се пресметува со фудбалер сред натпревар (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се случувале ноќеска за време на натпреварот на младинските екипи на Сао Паоло и Палмеирас во Бразил. Еден од навивачите се најде на теренот и сакаше физички да се пресмета со еден од играчите на Палмеирас.

Фудбалерот на Сао Паоло реагираа и веднаш го тргнаа навивачот, а потоа се појавил уште еден. Некој од нив имал и нож и со него влегол на теренот. Којзнае што ќе беше ако не реагираа редарите и полицијата.

Судијата ножот го однесе на делегатот. Сао Паоло го чека голема казна.

Се вчитува...