Неверојатни сцени во Манчестер: Судии бараа автограм од Халанд… (ВИДЕО)

Манчестер сити славеше против Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Домаќините поведоа во 19. минута со голот на Кевин Де Бруинг, а Борусија израмни преку Ројс шест минути пред крајот на мечот. Сепак, Фил Фоден донесе победа за Сити во 90. минута.

Борусија беше драстично оштетена во 38. минута кога беше поништен гол на Белингам поради непостоечки прекршок на Едерсон. Иако судиите не се прославија на натпреварот затоа што имаа уште неколку спорни одлуки, помошникот одлучи да го замоли Ерлинг Халанд за автограм по натпреварот. Камерите го снимија сето тоа, што наиде на збунетост од фудбалските аналитичари во Европа затоа што е далеку од професионален чин…

Халанд не го одби, па на крајот и го прегрна, но стручните коментари на БТ Спорт, беа вчудоневидени.

„Судиите беа лоши на овој натпревар, а ова по мечот воопшто не изгледа добро. Можеш да бидеш нечиј обожавател, но не смееш тоа да го правиш пред другите играчи“ – истакна Овен Харгривс, а поранешниот фудбалер на Сити, Лескот дополни.

„Никогаш не е вистинско време судијата да бара автограм од фудбалер. Судиите во тој момент не изгледаат баш најдобро. Ова беше детски потег“.

Се вчитува...