Неверојатни сцени во Неапол, Елмас стартер против Ријека и Велковски (ВИДЕО)

Неверојатни сцени околу „Сан Паоло“ во Неапол пред почетокот на натпреварот од Лигата на Европа меѓу Наполи и Ријека.

Во чест на клупската икона Диего Армандо Марадона, навивачите на Наполи веќе неколку часа пред почетокот на натпреварот приредуваат вистинско пиротехничко шоу. Поради пандемијата на коронавирусот забрането е присуство на гледачи на „Сан Паоло“, но навивачите на Наполи ништо не може да ги спречи да бидат околу стадионот.

 

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е стартер на дуелот на кој на спротивната страна ќе го има репрезентативниот соиграч Дарко Велковски. Милан Ристовски, како што е познато, поради повреда нема да биде во хрватскиот тим.

Се вчитува...