Неверојатниот Депај го водеше Лион до победа над Дижон (ВИДЕО)

Олимпик Лион на „крилата“ на неверојатнио Мемфис Депај стигна до првиот триумф во новата сезона во Лига 1. Седумте минути неверојатен фудбал на Холанѓанецот на крајот на првото полувреме беа доволни за триумф над Дижон од 4-1. Гостите први стигнаа до водство со голот на Орелан Шидлер 14. минута, а тој резултат стоеше се до 39. кога почна „шоуто“ на Депај. Прво од пенал израмни на 1-1. Во 45. си поигра со одбраната на Дижон, а неговиот одличен центаршут беше „крунисан“ со автоголот на Лаутоа. Само една минута подоцна следуваше уште една „мајсторија“ на мал простор за 3-1 на полувреме за Лион.

Депај го постигна и последниот гол на натпреварот во 65. минута повторно од пенал за конечни 4-1.

 

Се вчитува...