Шведскиот атлетичар Мондо Дуплантис, одново го урна светскиот рекорд во скок со стап. Тој во Стокхолм скокна 6,28, подобрувајќи го сопствениот рекорд по 12-ти пат во својата кариера.
Дуплантис успеа уште во својот прв обид да го урне светскиот рекорд, првпат во земјата за која настапува, а неговата радост повторно беше фуриозна.
Првото растојание од 6.00 метри лесно го надмина, по што наместо да се насочи кон својот рекорд од 6,26 метри, ја постави летвата директно на 6,28. Имаше само слаб контакт со летвата, но на крајот успеа во својата намера.
Watch Mondo Duplantis 🇸🇪 as he soars over a World Record of 6.28m in the men’s Pole Vault in Stockholm!🤯🔥
The 12th World Record of his career.pic.twitter.com/MrrBgCxIJd
— Track & Field Gazette (@TrackGazette) June 15, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА