Неверојатниот Јокиќ со подвиг за историја во НБА-лигата (ВИДЕО)

Денвер славеше против Оклахома со 120-110 во еден од синоќешните натпревари во НБА-лигата, а Никола Јокиќ со 79-от свој „трипл-дабл“ дојде до нов историски момент минувајќи го легендарниот Вилт Чемберлен.

Од денеска Јокиќ е центар со најголем број „трипл-дабл“ ефекти во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Јокиќ имаше „само“ 15 поени, но дури 13 скока и 14 асистенции.

Денвер дојде до петтата победа на стартот од сезоната, сега со скор од пет победи и три порази на 4. место во моментов во Западната конференција. Најефикасни во таборот на Денвер беа Арон Гордон со 27 поени и Џамал Мареј со 24 поени.

Крајно неизвесно беше на дуелот меѓу Орландо и Голден стејт, каде домаќинот помалку неочекувано дојде до победа од 130-129. Сагс постигна 26 поени и дополни со девет асистенции кај Орландо, Паоло Банкеро дополни со 22 поен, а Франц Вагнер мечот го заврши со 19 поени. Кај гостите се издвои Стеф Кари со 39 поени и девет асистенции, Клеј Томпсон запиша 27 поени.

Се вчитува...