Неверојатниот јубилеј на Џанлуиџи Буфон: Минаа 26 години, а јас се уште сум тука…

Џанлуиџи Буфон слави фантастичен јубилеј, извонредниот голман на денешен ден пред точно 26 години го имаше своето деби во Серија А. Тој тогаш, исто како и сега, го носеше дресот на Парма, тим со кој оствари низа фантастични резултати пред да ја почне својата ера во Јувентус.

Буфон е единствениот активен фудбалер на Апенинскиот полуостров кој играл на натпревари во последните четири децении, откако премиерниот меч го одигра на 19 ноември 1995 година.

„Минаа 26 години, а јас се уште сум тука. Вчера како денес, повторно на терен. За два дена повторно ќе го облечам овој дрес, од кој имам толку убави спомени од моето деби во 1995 година. Исто како тогаш, на „Енио Тардини“, со желба да ја искачам Парма на врвот“, напиша Буфон на својот профил на твитер.

Се вчитува...