Неверојатниот Лилард го одведе Портланд до осмата позиција на Запад (ВИДЕО)

Со 61 поен, рекордни во кариерата, Демијан Лилард го предводеше Портланд до значајаната победа од 134-131 над Далас со кој тимот се проби на осмата позиција во Западната конференција и има најдобро место во пресрет на завршните рунди кои ќе ја донесат разрешницата за пласман во плеј-аут и плеј-ин од НБА лигата. Екипата која ќе се избори за осмото место ќе оди на Лос анџелес Лејкерс во првата фаза од разигрувањето за титулата.

Портланд во моментов е за половина победа подобар од конкурентите, Мемфис и Феникс кои се израмнети според ефектот и Сан Антонио кој во моментов е на 11. место. Сите екипи ќе бидат на терен и вчерва. На крајот од доигрувањето на сезоната во „меурот“ во Орландо седумте најдобри на табелата се сигурни во разигрувањето. Во случај разликата меѓу осмо и деветтопласираниот тим да е помала од четири натпревари, ќе биде игран плеј-ин во кој тимот од осмото место има подобра стартна позиција.

Западна конференција плеј-ин:

8. Портланд                34-39 (.466) | 

т-9. Мемфис               33-39 (.458) | 0.5 GB

т-9. Феникс                 33-39 (.458) | 0.5 GB

11. Сан Антонио         32-38 (.457) | 0.5 GB

 

 

 

Се вчитува...