Неверојатниот Миовски го води Абердин кон врвот на шкотското првенство (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски продолжува со одличните партии во дресот на шкотскиот Абердин сезонава во Премиер-лигата.

Миовски беше стрелец на веројатно голот на сезоната досега во шкотскиот шампионат во победата на Абердин на гостувањето кај Мотервил од 1-2. Само четири минути му беа доволно на Македонецот со феноменален лоб удар да донесе водство од 0-1 за гостите.

На 1-1 израмни Меккинстри во 55. минута, додека конечните 1-2 ги постави Дук во 67. минута. Миовски беше заменет во 84. минута.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...