Неверојатно чудна средба на Енрике и Чави во тунелот пред мечот во Париз (ВИДЕО)

Барселона триумфираше синоќа на гостувањето против ПСЖ во Париз со 2-3 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Двајцата тренери Луис Енрике и Чави Хернандез беа со различно расположение по мечот, но пред дуелот имаа навистина неверојатно чудна средба која го обиколи интернет светот.

Луис Енрике со насмевка се впушти во „бокс-прегратка“ со Чави. На почетокот многумина со неверување гледаа што се случува, но брзо сфатија дека се работи за шега, меѓу двајца долгогодишни пријатели…

Се вчитува...