Неверојатно: Дибала се потпишува со ДЕСНА НОГА, за подобро да шутира

Пауло Дибала во своите први две години во Јувентус беше свесен за својата најголема слабост, гласно истакнунувајќи дека „никогаш нема да ме сметаат за голем играч доколку не научам да шутирам со десна нога“. Левицата отсекогаш беше главно оружје на извонредниот Аргентинец, но противниците го научија и се повеќе го насочуваа на десната страна, од која е многу помалку опасен.

Свесен за таа слабост, Дибала работеше на отстранување на своите слабости, a на последниот дуел со Верона тој и двата гола ги постигна со десната нога, покажувајќи огромен напредок. Веднаш потоа, Аргентинецот ја откри и тајната на својот успех, која сама по себе е неверојатна – Дибала дома вежба да се потпишува со десната нога.

Секако дека работам и на тренинзите, но мислам дека клучен е тренингот на ногата дома. Не шутирам, туку земам лист хартија и се обидувам да се потпишам со пенкало во десната нога. Секако дека потписот не е перфектен, но со него се воспоставува подобра врска меѓу мозокот и десната нога, која со секој следен ваков тренинг функционира се подобро и за најситни детали. Тоа е очигледно и кога играм на теренот“ – изјави Дибала.

Се вчитува...