Неверојатно: Ѓоковиќ пак погоди судија со топче во глава

Неверојатна сцена на Ролан Гарос за време на денешниот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Хачанов, откако српскиот тенисер повторно погоди судија со топче во главата.

За малку „дежа ву“ од дисквалификацијата на првиот носител од УС Опен, но овојпат немилиот инцидент се случи за време на поен, Србинот не успеа да го зафати топчето како што посакуваше и тоа заврши директно во главата на еден од линиските судии.

Сепак, бидејќи ситуацијата беше за време на одигрување на поенот Ѓоковиќ не доби никаква санкција.

Се вчитува...