Неверојатно: Губеше 0-6 и 0-5, а на крајот победи

Во женскиот тенис има и неверојатни пресврти кои можат да влезат во рубриката „верувале или не“. Британската тенисерка Тара Мур, на ИТФ турнирот во Сандерленд, забележа победа на нереален начин.

Таа во мечот со Французинката Џесика Понше, го загуби првиот сет со 0-6, а во другиот губеше со 0-5 во гемови, кога нејзината противничка стигна до меч топка. Мур се разбуди успеа да ја спаси меч топката, конечно го освои првиот гем, а потоа направи чудо. Вториот сет и припадна со резултат 7-6, а во третиот славеше со 6-3 во гемови.

Мур во моментов е деветти рекет на Велика Британија, а на големите турнири резултат кој може да се забележи е второто коло на Вимблдон во 2016 година. Во кариерата таа е без освоен ВТА турнир, а на ИТФ турнирите има освоено девет трофеи.

Се вчитува...