Неверојатно: На Федерер му недостига уште „X“ за пополнување на тениската АБЕЦЕДА

Роџер Федерер по еден час и триесет и седум минути игра обезбеди трето коло на Ролан Гарос, откако го совлада Германецот Оскар Оте со максимални 3-0 (6-4, 6-3 и 6-4).

Тоа беше 1.204 победа на Федерер во кариерата, а интересен е податокот што вчера за првпат победи тенисер чие презиме почнува на буквата „О“. Со победата Швајцарецот скоро ја комплетираше „тениската абецеда“, бидејќи му недостиа само уште победа над тенисер чие презиме почнува на „X“.

Се вчитува...