Неверојатно: Нант даде 43 гола, Лазаров ниту еден

Нант стигна до нова рутинска победа во француското првенство, триумфирајќи со преубедливи 43-28 над Данкерк за значајни бодови во трката за третото место на табелата.

Она што е интересно е фактот дека и покрај извонредното издание на Нант во нападот, ниту еден од овие 43 погодоци не беше дело на Кире Лазаров. Македонскиот капитен имаше помала минутажа од вообичаено, упати два удари кон противничкиот гол, но ниту еднаш не го најде патот до мрежата.

Најефикасни во редовите на Нант беа Мин со десет и Ривера со седум постигнати погодоци.

Се вчитува...