Неверојатно: Полјаците најавуваат 50.000 навивачи на прекрасниот „Национален стадион“ против Македонија

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Националната репрезентација според Полјаците мора безусловно да се поддржува. Без разлика дали има или не внатрешни проблеми во селекцијата, без разлика на резултатите и без разлика на името на противникот од спротивната страна, како што ни изјавуваат од Фудбалската федерација на Полска овде во Варшава натпреварите на нивната сениорска репрезентација се секогаш максимално следени.

Според најавите за утрешниот натпревар против Македонија се очекуваат повеќе од 50.000 навивачи на прекрасниот „Национален стадион“ во Варшава кој е со официјален капацитет од 57.000 седишта.

„Поддршката кога игра репрезентацијата на Полска е безусловна. Така ќе биде и сега… Ќе биде полн стадион затоа што овој натпревар е многу важен за нас бидејќи со победа обезбедуваме настап на Европското првенство следната година“ – велат од Фудбалската федерација на Полска.

А, во полските медиуми Македонија се потенцира како исклучително тежок противник, посебно и по последната победа над Словенија од 2-1. Очекувано како ударни ѕвезди се потенцираат Горан Пандев и Елиф Елмас, но се нагласуваат како секогаш опасност и Аријан Адеми, Езгијан Алиоски, Илија Несторовски…

Се вчитува...