Неверојатно: Раниери добил отказ на аеродром, а газдите на Лестер „честеле“ со шампањско вредно 500.000 фунти?!

На крајот од минатата сезона Лестер беше можеби најомилениот фудбалски клуб во светот поради бајката за освоената шампионска титула во Премиер – лигата. Но, сега е на прагот да стане еден од најомразените клубови, и тоа повторно поради Клаудио Раниери, менаџерот кој доби отказ од раководството, и тоа на неверојатен начин.

Како што минуваат деновите, така медиумите од Островот откриваат се посочни детали од разделбата меѓу Лестер и Клаудио Раниери. Верувале или не, отказот се случил на аеродром, во хотелот на „Ист Мидлендс“ аеродромот, веднаш откако тимот на Лестер пристигна назад по гостувањето кај Севилја во Лигата на шампионите. Лестер загуби со 2-1, но има реални шанси за пласман во четвртфиналето, успех што ниту еден навивач го нема ни сонувано пред една година.

Фудбалерите на Лестер дури четири пати барале од раководството на клубот да му даде отказ на италијанскиот стратег. Исплашени дека тоа незадоволство може да доведе и до испаѓање во понизок ранг, со оглед дека Лестер е на работ од опасната зона во Премиер – лигата, челниците на клубот му ја соопштиле одлуката за отказ од менаџерската позиција уште по самото пристигнување на аеродромот. Да биде ситуацијата уште поригидна, тие веднаш по состанокот со Раниери нарачале шампањско кое чинело неверојатни 500.000 фунти.

Одеднаш, прекрасната бајка на Лестер добива сосема поинаква димензија…

Се вчитува...