Неверството не се простува: Гризман наместо овации, доби свирежи од навивачите на Атлетико Мадрид (видео)

Антоан Гризман во последниот ден од преодниот рок ја напушти Барселона и се врати назад во Атлетико Мадрид, но фановите на „црвено-белите“ не му го простија на овој фудбалер неверството од пред две години, кога инсистираше на трансфер во редовите на каталонскиот гигант.

Тренерот и челниците пред мечот со Порто испратија апел до фановите со аплаузи да го поздрават Гризман, но на теренот се случи нешто сосема спротивно.

Французинот влезе во игра во второто полувреме, но наместо аплаузи, неговото влегување предизвика бура од свирежи – како јасна порака од фановите дека неверството се уште не му е простено.

Се вчитува...