Дејан Радоњиќ требаше да ја разбуди Црвена Звезда во Евролигата, но наместо тоа „црвено-белите“ беа „треснати од земја“ и во АБА, натпреварување во кое досега делуваа доминантно. Игокеа е тимот што вечерва го посрамоти актуелниот првак, и тоа на камбекот на Радоњиќ на клупата, декласирајќи го српскиот шампион со 85-65.
Отсуството на Џордан Лојд пораади коронавирус никако не смее да биде изговор за катастрофалното издание, со кое на домаќините им беше дозволено да доминираат од почеток до крај. Катастрофата беше најавена во првото полувреме што заврши со 50-28, Игокеа продолжи да доминира и во третиот период, за домаќините да се смилуваат во завршните десетина минути, овозможувајќи им на гостите да ја намалат разликата на конечни дваесет поени.
Кармајкл доминираше во рекетот со 14 поени, Клемонс додаде уште 13 за Игокеа, додека прв стрелец на Црвена Звезда при денешното катастрофално издание беше Добриќ со 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА