Невиден „кикс“ на Барса: Службено ќе загуби натпревар поради настап на нерегистриран ракометар

Барселона е ракометен гигант, но дури и на каталонскиот „џин“ му се случи огромен „кикс“ што најверојатно ќе доведе до губење на бодови со службен пораз.

Станува збор за натпреварот што Барселона против Торелавега го доби на терен со 41-28, но се наоѓа на работ на службен пораз откако беше обелоденето дека Јусеф Бенали немал право на настап за Барса на оваа средба.

Тунискиот интернационалец неодамна пристигна во Барселона и веднаш беше регистиран за настап, но проблем претставува фактот што ова не беше меч од регуларниот распоред, туку презакажан натпревар од 10 октомври. Согласно правилата, Барса морала да настапи со играчи кои биле регистрирани во тој момент во тимот, па поради големиот превид противникот веќе најавил жалба, по што се очекува и службен пораз на каталонскиот гигант.

Се вчитува...