Невиден скандал може да ја спаси Сампдорија од испаѓање во Серија Ц!?

Првенството во Серија Б е пред финишот, и се чека ситуацијата е борбата за испаѓање. Централна тема во Италија е можна казна за Бреша, со што директно ќе се влијае на судбината на Салернитана, Фрозиноне и Сампдорија.

Ситуацијата е доста комплицирана. За прв пат во историјата, бараж натпреварите за останување во Серија Б се прекинати. Причината е тоа што Бреша не ги подмири своите обврски кон италијанскиот институт за социјално осигурување во февруари. Клубот се обиде да го реши долгот преку даночен кредит, но Даночната управа откри нерегуларности.

Врз основа на ова, беше покрената надворешна истрага, која го забави целиот процес и доведе до отворање на дисциплинска постапка. Клучот е токму тој извештај на даночниот експерт што беше објавен пред само неколку дена, а кој го спречи телото одговорно за финансиска контрола на клубовите, да дејствува навремено.

Така на Бреша му се закануваат одземање на бодови. Според правилникот, вообичаена казна за ваков случај е одземање на четири бодови, но ако клубот признае вина, може да биде одземање на два. Оваа казна би била актуелна од идната сезона.

Но, од Сампдорија го сметаат првенството за нерегуларно, сметајќи дека ако Бреша била казнета порано, распоредот ќе бил поинаков. Друга работа е што Сампдорија ќе поднесе барање за проширување на лигата на 22 тима, меѓутоа тоа е речиси невозможно.

Шансите Сампдорија да се спаси се минимални, но ја гледаат сека секоја сламка за спас, со оглед дека тимот претходно веќе се пресели во Серија Ц, што придонесе за инциденти низ Џенова од страна на навивачите.

Се вчитува...