Невиден срам за Монако: За 24 минути губи 0-3 од Бриж

Тиери Анри делува како да нема решение за огромната криза на Монако откако францускиот клуб по бламажите во домашното првенство сега се посрамоти и во Лигата на шампионите, откако по само 24 минути игра губи 0-3 на домашен терен од Бриж.

„Кнезовите“ катастрофално го стартуваа овој дуел, белгискиот првак поведе со 0-2 со двата гола на Ванакен, пред Весли да зголеми на 0-3 на половина од првото полувреме.

Монако стана првиот француски клуб што примил три гола за 25 минути на натпревар од Лигата на шампионите, а како што тргнале работите, Анри може да добие отказ и за помалку од еден месец откако ја доби својата прва работа во тренерската кариера.

Се вчитува...