Невидена драма на „Олимпико“: Рома со два гола во судиското продолжение го победи Лече (ВИДЕО)

Невидена драма на „Олимпико“ во 11. коло од Серија А. Рома со два гола во судиското продолжение успеа да се спаси од пораз, триумфирајќи со 2-1 на дуелот против Лече.

Дека ќе има повеќе од тензичен дуел беше јасно уште во 5. минута кога Лукаку промаши пенал за домашните.

Па, во вториот дел следеше казна, Лече поведе со голот на Алмквист во 72. минута.

Кога се чинеше дека гостите ќе дојдат до изненадувачки триумф, вистинска драма во судиското продолжение. Најпрво Азмун во 91. минута израмни на 1-1, а потоа во 94. минута Лукаку се извади за промашениот пенал и погоди за триумф од 2-1.

Се вчитува...