Невидена драма: Сандерленд со гол во 95. минута до последниот билет за Премиер-лигата

Сандерленд е последниот учесник во новата премиерлигашка сезона откако во драматичниот бараж на „Вембли“ оваа екипа славеше над Шефилд јунајтед со 2-1.

Откако во полуфиналето од разигрувањето со гол во 121. минута стигна до билет за ова финале на „Вемблди“, тимот на Сандерленд повторно блесна кога беше најважно, со гол во судиското продолжение (95. минута) славејќи во „мечот вреден 200 милиони фунти“, колку што вреди влезот во Премиер-лигата.

Шефилд има за што да жали, ако се знае дека имаше предност од 1-0, еден поништен гол со ВАР и целосна доминација со неколку промашени шанси во првото полувреме. Сандерленд се врати и во 76. минута израмни на 1-1, за во 95. минута преку Том Вотсон да го комплетира големиот пресврт за победа и влез во елитата.

За потсетување, од претходно промоцијата во Премиер-лигата ја осигураа екипите на Лидс јунајтед и Барнли, кои заедно со Сандерленд ќе бидат дел од елитното англиско фудбалско друштво.

Шефилд Јунајтед имаше 90 бода во регуларниот дел од сезоната, имаше и предност од 1-0 во овој бараж на „Вембли“, но и тоа се покажа недоволно за оваа екипа да стигне до билет за влез во Премиер-лигата.

Се вчитува...