Невидена глупост на голманот на Лориен: Мбапе го постигна најсмешниот гол во кариерата (ВИДЕО)

Килијан Мбапе го постигна најсмешниот гол во својата кариера по неверојатната грешка што ја направи голманот на Лориен, Ивон Мвого на денешниот меч на „Паркот на принцовите“.

Швајцарскиот голман ја спушти топката на земја не забележувајќи дека Мбапе му е во непосредна близина, а Французинот знаеше како да го искористи подарокот и да ја смести во празната мрежа.

Лориен и по оваа глупост на својот голман успеа да постигне нов гол и замина на одмор со предност од 1-2, згора на тоа и со играч повеќе на теренот по црвениот картон што го заработи Ашраф Хакими.

 

Се вчитува...