Невидена мајсторија на Крамариќ – пенал без гледање во мрежата на Борусија

Андреј Крамариќ цел живот ќе го памети вчерашното гостување на Борусија Дортмунд, на кое ги постигна сите четири погодоци за победата на Хофенхајм од 0-4.

Особено мајсторски беше оној четвртиот, кога за гостите беше досуден пенал, а Крамариќ реши да го шутира – без гледање. Во моментот кога ја шутна топката Хрватот ја сврте главата, успевајќи и на тој начин да го совлада домашниот голман и да стави печат на бундеслигашката сезона.

Се вчитува...