Невидена сензација: Нов Шериф владее во Мадрид

Шериф е најпријатно изненадување по првите две кола од Лигата на Шампионите, откако малдивскиот првак по голема борба го совлада Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-2, една од најголемите сензации во историјата на елитното европско клупско натпреварување. Шериф имаше водство од 0-1 по првиот дел, но Реал во второто полувреме израмни со пеналот што беше доделен со ВАР откако Винисиус падна меѓу двајца противнички дефанзивци.

„Кралевите“ притиснаа за втор гол и целосен камбек, но им се случи кошмар, Тил погоди со фантастичен удар во самиот финиш и им донесе радост на гостите од Молдавија.

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе во игра во судиското продолжение на „Сантијаго Бернабеу“, непосредно по победничкиот погодок за Шериф.

Се вчитува...