Невидена сензација: Партизан прокоцка „плус пет“ за 10 секунди за елиминација од Еврокупот

Турскиот прволигаш Бурса приреди огромна сензација откако го елиминираше фаворитот Партизан во осминафиналето од Еврокупот, и тоа со триумф среде Белград со резултат 95-103, по продолжение од пет минути. Тренер на Бурса е српскиот стратрег Алампијевиќ, а негов асистент македонскиот стручњак Мирко Петрески, кои направија чудо со фантастичниот пресврт во самата завршница во Белград.

Бурса прокоцка „плус девет“ од третиот период, а се чинеше дека Партизан ќе стигне до победата откако „црно-белите“ поведоа со пет поени во самата завршница. Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа предност од 84-79 кога Мадар погоди две слободни фрлања на 14 секунди до крајот. Гостите набрзина реализираа во рекетот, а потоа Мадар при самото уфрлање на топката во игра направи лична грешка во напад, подарувајќи им ја топката на турските кошаркари. Бурса го искористи тој подарок и со тројка го одведе мечот во продолжение, за таму да издоминира, да стигне до 103 постигнати поени и да го приреди најголемото изненадување во Еврокупот оваа натпреварувачка сезона.

Аврамовиќ со 23 поени беше прв стрелец на Партизан, Лесор постигна 20, а Кевин Пантер потфрли со 13 поени и очаен шут од поле 3/14, меѓу нив и промашената тројка во последниот напад од регуларниот дел од мечот.

Ненад Димитријевиќ и Валенсија рутински се пласираа во четвртфиналето од Еврокупот, каде ќе ги очекува пресметка со францускиот Левал. Шпанскиот тим вечерва го пречека составот на Хамбург тауерс, доминирајќи во нападот и триумфирајќи со конечни . Димитријевиќ, кој повеќе од еден месец поради болест беше надвор од тимот, конечно се врати на терените, македонскиот плејмејкер одигра десет минути за кои не успеа да се запише меѓу стрелците, но имаше две асистенции. Центрите на Валенсија беа во главна улога на оваа средба, Риверо беше најефикасен со 21 поен, додека Дубљевиќ го заврши мечот со 15 поени и 9 скокови.

Се вчитува...