Ли Мејсон го навлече бесот не само на фановите на Брајтон, туку и на целокупната фудбалска јавност во Англија по огромната фарса што ја создаде на денешниот дуел со ВБА.
Беше досуден слободен удар за Брајтон, при што Мејсон се повлече и му дозволи на Данк да го изведе иако слободниот удар не беше наместен, но само неколку секунди подоцна тој се премисли и реши да го поништи голот.
Фарсата продолжи триесетина секунди подоцна, кога Мејсон пак се премисли, па на радост на гостите покажа кон центарот. Но, судиското шоу не заврши тука, бидејќи на крај се вмешаа и ВАР-абритрите, кои донесоа конечна одлука – голот е поништен бидејќи Мејсон свирнал со свирчето за да ја прекине акцијата пред топката по ударот на Данк да заврши во мрежата.
Во сезона на огромни судиски грешки во Англија, оваа без конкуренција е најголемата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА