Невидени малери: Ливерпул остана и без Алисон

Неверојатната серија на малери со повредени фудбалери на Ливерпул продолжи и денеска, откако Алисон Бекер не се појави на списокот на играчи на Јирген Клоп за дуелот со Ајакс.

Првичните шпекулации на медиумите дека станува збор за Covid-19 беа експресно демантирани од Клоп, кој соопшти дека станува збор за повреда на мускулот.

„Алисон нема коронавирус. Тој по мечот со Брајтон се пожали на болка во ногата, деталните прегледи покажаа истегнување на мускулни влакна. Не може да игра денеска, најверојатно ќе паузира уште една недела“, изјави Клоп пред мечот со Ајакс.

Ливерпул по денешниот натпревар следниот викенд го очекува домашен меч со Вулверхемптон, по што ќе следи и гостувањето на Митјиланд во шестото коло од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...