Саудискиот клуб Ал Хилал е оној кој ќе му понуди вистинско богатско на Килијан Мбапе за само една сезона во клубот. Јасно е дека Французинот заминува од ПСЖ по одбивањето за продолжување на соработакта со „светците“ и по крајот на следната сезона, а желбата на 24-годишникот е да премине во Реал Мадрид, но во следното лето како слободен играч за активирање на бонус од 100 милиони евра.
Во меѓувреме Саудиците ќе се обидат да го доведеат еден од најдобрите голгетери во своите редови, а посакуваат во нападот друштво да му прави Хари Кејн. Репрезентативецот на Англија е еден од најбараните фудбалери на маркетот со понуди од Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и ПСЖ па и веројатноста за трансферот на егозтичната дестинација е многу мала.
Кејн во минатото стави дознаење дека сака да се натпреварува во Лигата на Шампионите и да премине во тим кој ќе се бори за секој трофеј, желба и на Мбапе е да остане во Европа во најдобрите години па се чини дека планот на Саудиците е невозможна мисија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА