Незаборавни моменти: Познати победниците на Плазма Спортските игри за млади во Штип (ВИДЕО)

Незаборавни спортски мигови за младите спортисти во Штип на „Денот на спортот“, во рамките на Плазма Спортските игри за млади.

Повеќе од 1.500 дечиња и млади имаа можност бесплатно да се натпреваруваат во различни дисциплини, преку кои се дојде и до најдобрите во Штип.

Најмладите фудбалери и фудбалерки се натпреваруваа во „Coca Cola Cup“, во машка и женска конкуренција, а имаше незаборавни натпревари во баскет 3х3, одбојка и ракомет, но и крајно возбудливи атлетските трки. И секако, во центарот на вниманието беше „народна“.

На отворањето во Штип говор одржа претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на овој голем проект, како и градоначалникот на градот, Иван Јорданов.

Спортските игри за млади „Плазма“ се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит, каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

Караванот „Денот на спортот“ продолжува во Кочани. Претходно, Плазма Спортските игри за млади имаа големо отворање во Скопје, а се одржаа и во Куманово.

РЕЗУЛТАТИ – ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ (ШТИП)

„Coca Cola Cup“ – машка конкуренција

Манчестер Јунајтед (Пробиштип)

„Coca Cola Cup“ – женска конкуренција

Баерн Минхен (Штип)

Баскет 3×3 машка конкуренција

Браќа М. (Пробиштип)

Баскет 3×3 женска конкуренција

Тим Арена (Штип)

Одбојка – машка конкуренција

Весна (Пробиштип)

Одбојка – женска конкуренција

Фенербахче (Штип)

Ракомет – машка конкуренција

Кил (Штип)

Ракомет – женска конкуренција

Шампиони (Штип)

Народна 2015 годиште

Реал Мадрид (Штип)

Народна 2017 годиште

Пчелки (Штип)

Атлетика

Трчање 60 метри 2015 – машка конкуренција

Бојан Јаников (Штип)

Трчање 60 метри 2015 – женска конкуренција

Ника Димкова (Штип)

Трчање 60 метри 2017 – машка конкуренција

Никола Ацков (Штип)

Трчање 60 метри 2017 – женска конкуренција

Анастасија Мицева (Штип)

Фудбал 2015

Рудар (Пробиштип)

Се вчитува...