Незадоволен од селекторот: Куртоа ја напушта репрезентацијата на Белгија?

Фудбалската репрезентација на Белгија ремизираше со 1-1 против Австрија во третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во натпревар во кој голманот Тибо Куртоа го забележа јубилејниот 100. настап во репрезентативниот дрес.

А, истиот може да биде и последен, пренесуваат тамошните медиуми. Имено, Куртоа по ремито влегол во конфликт со дел од соиграчите и притоа изразил големо незадоволство од селекторот Доменик Тедеско по што е неизвесен за настап на следниот натпревар против Естонија.

Незадоволството доаѓа од фактот дека во отсуство на Кевин де Брујне тој не ја добил капитенската лента, туку истата ја носеше Ромелу Лукаку.

Се вчитува...