Незадоволство во ПСЖ, Тијаго Силва си заминува?

Првиот пораз на Пари Сен Жермен под раководство на Томас Тухел во Лигата на шампионите донесе и главоболки. „Светците“ загубија со 3-2 на „Енфилд роуд“ од Ливерпул, а дефанзивецот Тијаго Силва веднаш го крена својот глас. Ги нападна спортскиот директор, а делумно и тренерот.

„Зошто Маркињос и Ди Марија играа во средниот ред? Не знам, прашајте го спортскиот директор Хенрике. Нејмар се обиде да му помогне на тимот. Направи се што тренерот бараше од него. Луѓето се обидуваат да пронајдат еден виновник, но сите ние сме виновници“, истакна Бразилецот.

Овој став на Тијаго Силва веднаш се споменува како најава за можно негово заминување од ПСЖ.

Се вчитува...