Незапирливата Симон Бајлс со рекордни 14 злата од светските првенства

Симон Бајлс дојде до рекордна 14 титула од светските првенства откако го освои најсјајното одличје и во вежбата на партер на шампионатот во гимнастика кој се одржува во Доха. На ова првенство, Американката собра вкупно шест медали, четири од нив златни.

Таа е првата гимнастичарка по пауза од 30 години што освоила медал во сите дисциплини во кои што се натпреварувала. Со вкупно 20 трофеи од светските првенства, Бајлс го израмни рекордот на Светлана Коркина.

Нејзиното постигнување во Доха е уште повпечатливо ако се има в предвид дека не се натпреваруваше цели 18 месеци, а пред шампионатот имаше проблеми со бубрезите.

 

 

 

 

Се вчитува...