Во Лос Анџелес, синоќа ЛА Клиперс со 106-100 славеа против Хјустон. Најефикасен поединец кај домашните беше Каваи Леонард со 26 поени, но клучната улога во моментите на „драма“ ја одигра Џејмс Харден.
На шест секунди до крајот, при резултат од 100-100, Харден погоди една од своите добро препознатливи тројки преку чувар, за да притоа изнуди прекршок и слободно фрлање за да ја однесе својата екипа до победа.
Кај ЛА Клиперс одличен беше Пол Џорџ со 23 поени, а кај Хјустон мора да се издвои и турскиот центар Алперен Шенгун со 23 поени.
ЛА Лејкерс, пак, триумфираа на гостувањето против Портланд со 107-95. 38-годишниот Леброн Џејмс беше незапирлив кај гостите.
Леброн мечот го заврши со 35 поени, десет асистенции и пет скока, со што продолжи да ги поместува границите на долговечност во НБА лигата, за што зборува и статистиката. За Леброн ова беше дури 36-ти натпревар со плус 35 поени по 35-от роденден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА