Незапирливите Јокиќ и Дончиќ донесоа победа на своите екипи

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ги одбележаа синоќешните дуели во НБА-лигата откако со беспрекорни изданија донесоа победи на Денвер нагетс, односно Далас маверикс. Особено импресивно делуваше Јокиќ, кој беше доминантен во Чикаго (112-118 за Денвер) и го заврши мечот со 39 поени, 14 скокови и 9 асистенции. Српскиот центар постигна дури 11 поени во последната четвртина, во која Денвер ја осигура победата.

Лука Дончиќ беше незапирлив за Орландо меџик, предводејќи го Далас до триумф од 124-130. Словенецот кој пред неколку дена наполни 22 години одигра уште еден импресивен меч, реализирајќи 33 поени, 10 скокови и 9 асистенции.

Најнеизвесно беше во Сан Антонио, каде домаќините постигнаа само пет поени во продолжението и на крајот загубија од Бруклин со 113-124. Во главна улога со нов трипл-дабл беше Џејмс Харден (30 поени, 14 скокови и 15 асистенции), а огромна помош имаше и од Ирвинг, кој го заврши мечот со 27 поени и 7 асистенции, за прекин на серјата од седумнаесет порази на Бруклин на гостувањата во Сан Антонио.

Инграм и Вилијамсон со по 26 поени го предводеа Њу Орлеанс до победата над Јута Џез од 130-126, а најдобар стрелец кај „џезерите“ бепе Богдановиќ со 30 поени.

Резултати НБА:

Орландо – Далас 124-130, Филаделфија – Индијана 130-114, Чикаго – Денвер 112-118, Њу Орлеанс – Јута 129-124, Сан Антонио – Бруклин 113-124 (по прод.), Хјустон – Кливленд 90-101, Портланд – Шарлот 123-111.

Се вчитува...