Незгодна повреда на Вестбрук: Го чека подолга пауза!? (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Оклахома, Расел Вестбрук го повреди зглобот на мечот против Њу Орлеанс кој синоќа се одигра во НБА лигата.

Кон средината на третата четвртина, Вестбрук незгодно доскокна извртувајќи го зглобот од левата нога, поради што веднаш го напушти теренот. По повредата, очекувано, на се врати на мечот кој Оклахома го доби со 122-116.

До моментот на повредата, Вестбрук беше на прагот на „трипл-дабл“ запишувајќи 17 поени, 9 асистенции и седум скока за 25 минути на паркетот.

Иако официјално не е позната тежината на повредата, сепак првичните информации говорат дека го чека подолга пауза.

Се вчитува...