НФЛ играчите повторно протестираат при интонирањето на американската химна

НФЛ лигата го стави во мирување планот да бидат изрекувани казни за играчите кои нема да стојат при интонирањето на американската химна пред натпреварите. Од лигата велат дека ова правило нема да биде на сила се додека траат преговорите за него со асоцијацијата на играчите.

Неколкумина играчи повторно пртестираа додека траеше химната во пресрет на предсезонските натпревари. Дел од нив повторно клечеа, дел протестираа со креанти тупаници, а еден дел беа повлечени во соблекувалните. Ваквиот протест почна во 2016 година и се однесува на полициската бруталност кон Афроамериканците како и поради социјланите неправди особено во мандатот на Доналд Трамп.

„Пред да уживаме во натпреварите, за застанеме за момент и да размислиме дека 60% од затоврениците се луѓе кои немаат бела бој на кожата. Во НФЛ 70% од играчите се Афромаериканци. Но, она што го гледате овде на теренот, не го отсликува вистинскиот живот во секојдневна Америка. Ние овде сме исклучоците“ – напиша на Твитер, Малком Џенкинс, еден од лидерите на движењето на играчи кои протестираат.

Отпорот на НФЛ играчите почна пред две години и доби сериозни размери. стана голема тема во САД. НФЛ лигата понуди решение според кое, играчите би имале право да останат во соблекувалните за време на инторнирањето на химната, но ако се на теренот ќе мора да стојат мирно, во спртоивно би се соочиле со парични казни.

 

 

 

 

 

Се вчитува...