НФЛ шампион осуден на осум години затвор

Двојниот шампион во НФЛ, Брендон Браунер осуден е на осум години затвори заради обид за убиство на поранешната девојка во јуни минатата година.

Тој тајно влегол во станот на неговата поранешна девојка во Калифорнија, ја претепал, ја влечел по под и се обидел да ја задави пред очите на нејзините две деца.  Освен тоа тој и украл и часовник Ролекс вреден 200 илјади долари.

Браунер е играч на Сиетл Сиукс со кои го освои Супербоул во 2013 година. Една година подоцна тој стана шампион и со тимот на Њу Ингланд Патриотс. Тој е еден од петте играчи во историјата штоп освоил две титули во НФЛ со два различни клуба.

Се вчитува...