Нголо Канте со хет-трик награди ќе ја слави титулата

Фудбалерот на Челси, Нголо Канте денеска и официјално беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата од страна на фудбалската федерација на Англија. За 26-годишниот Французин ова е трето признани во оваа сезона, претходно освојувајќи ги наградите за најдобар фудбалер изгласан од асоцијацијата на фудбалски новинарите и фудбалерите.

Канте за оваа престижна награда ги победи своите соиграчи Еден Азар и Цезар Азпиликуета по бројот на гласови, а зад Белгиецот и Шпанецот се најдоа Хари Кејн, Деле Али, Јан Вертонген, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку. Репрезентативецот на Франција денес по втор пат ќе го крене шампионскиот трофеј на Англија, откако минатата година тоа го оствари со Лестер, а сега станува првиот фудбалер кој во две последователни сезони е англиски шампион, со два различни клубови.

„За мене е голема чест да се освојат овие награди, тоа е знак дека напорната работа се цени, но сето ова ќе беше залудно да не беа моите соиграчи. Тие ми помагаа секој ден, работевме напорно цела година и ги постигнавме нашите цели. Јас се трудам да дадам се од себе на теренот, но никогаш овие награди не ми биле приоритет, сакам да освојувам што е можно повеќе титули со тимот, бидејќи фудбалот е колективна работа. Им благодарам на сите кои гласаа за мене“ – истакна Канте.

Челси денес и официјално ќе биде новиот англиски првак по завршувањето на последното коло од оваа сезона, по мечот против Сандерленд ќе им биде доделен пехарот, а со тоа ќе започне и прославата.

Се вчитува...