Ни Шкендија не знае како, ама Номе Калју ја тресна и ја елиминира од елитата на Европа

Македонскиот првак Шкендија доживеа шокантна елиминација од Номе Калку во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Мечот што требаше да биде рутина по триумфот во Талин (0-1) се претвори во трагичен пораз од 1-2 и елиминација од Европа. Шкендија одигра многу лош натпревар, делуваше самоуверено и на крајот тоа им се одмазди. Селтик остана неостварена желба, а Номе Калју доби џек пот. За Шкендија останува утешната комбинација во квалификациите за Лигата на УЕФА.

Бесарт Ибраими прв се закани, но Номе Калју постигна гол во шестата минута. По корнерот од левата страна, Максимилијано Уге скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата на Захов, анулирајќи ја предноста на Шкендија од првиот меч во Талин.

Во 20.минута, Агим Ибраими се обиде со удар со глава, но голманот Павел Лондак успеа да одбрани.

До крајот на првиот дел, Бесарт Ибраими двапати шутираше од слободен удар, вториот пат многу поопасно, а голманот на Номе Калју беше на висина на задачата.

Во вториот дел, Шкендија тргна многу поофанзивно. Бесарт Ибраими и Гледи Мици го погодија дирекот, а голманот Павел Лондак бранеше одлично. Но, Агим Ибраими од пенал во 62.минута го израмни резултатот. Претходно, еден одбранбен фудбалер на Номе Калку играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Пет минути подоцна, Агим Ибраими со прекрасен удар од 20 метри ја погоди гредата од голот на противникот.

Возврати Номе Калју во 70.минута. Гаспар Паур имаше шанса за ново водство на естонскиот првак, но задоцни на центаршутот на вториот дирек.

Стенио Жуниор шутираше од 14 метри во 76.минута, но Лондак уште еднаш одлично одбрани. Две минути подоцна, уште една убава шанса пропушти Бразилецот, а потоа имаше возбудувања и на спротивната страна.

Во самиот финиш, во 90.минута, по една нафрлена топка од десната страна, Лилиу со удар со глава ја затресе мрежата на Захов и ја елиминира Шкендија. Продолжението ќе биде во квалификациите за Лигата на УЕФА.

ШКЕНДИЈА – НОМЕ КАЛЈУ 1-2 (0-1)

Арена „Тодор Проески“. Гледачи: 3.000. Судија: Алан Биери (Швајцарија). Стрелци: А. Ибраими 62’ пен. (Шкендија), Максимилијано Уге 6’, Лилиу 90’ (Н. Калју). Ж. картони. Бејтулаи, Радески (Шкендија), Машичев (Номе Калју).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Муслиу, Мици, Хусмани (46’ Нафиу), Алими, А. Ибраими, Тотре, Радески, Б. Ибраими 9(64’ Жуниор).

НОМЕ КАЛЈУ: Лондак, Маркович, Авилов, Уге, Кулинитш, Алидор, Суботин, Паур, Машичев (61’ Волков), Лилиу, Клејн.

Се вчитува...