Ни во Милан, ни во Челси – Бернард потпиша за Евертон

Бразилецот Бернард беше еден од најпосакуваните играчи во овој преоден рок, пред се поради фактот дека овој квалитетен крилен офанзивец беше достапен без отштета, по истекот на неговиот договор со Шахтјор. Се споменуваа Ливерпул и Тотенхем, сериозни понуди испратија Челси и Милан, па затоа изненадувачки делува одлуката на Бернард својата кариера да ја продолжи во Евертон.

Сите детали од договорот се веќе средени и за негова официјализација се чека само фудбалерот да добие работна дозвола, по што ќе следи и потпис на четиригодишен договор.

Бернард е второто големо бразилско засилување за Евертон за новата сезона, откако „карамелите“ претходно за рекордна сума од 45 милиони фунти го доведоа и Ричарлисон од редовите на Ватфорд.

Се вчитува...